Тотенхем заработи парична казна поради однесувањето на своите фудбалери

23.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тотенхем заработи парична казна поради однесувањето на своите фудбалери

Тотенхем казнет затоа што неговите играчи се однесувале „непримерно и провокативно“

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е казнет со 20.000 фунти (25.934 долари) за лошо однесување на нивните играчи за време на саботната победа од 4-1 во Премиер-лигата против Вест Хем, објави Англиската фудбалска асоцијација (ФА).

Играчите од двата клуба беа вмешани во инцидентот кој избувна кога напаѓачот на Вест Хем, Кудус го турна дефанзивецот Ван де Вен пред да го стори истото со Сара.

По инцидентот играчите на двата клуба се собраа околу Кудус, 24-годишниот фудбалер прво доби жолт картон, а по интервенција на ВАР судијата му додели црвен картон.

„Тотенхем не успеа да се погрижи неговите играчи да не се впуштат во непримерно и провокативно однесување околу 82. минута“, се вели во соопштението на ФА. Спарс ги признаа обвиненијата и ја прифатија казната, додаде ФА.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата