Милан со пораз кај Сасуоло!

3.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан со пораз кај Сасуоло!
ФОТО:.facebook.com/officialsassuolocalcio/

Фудбалерите на Сасуоло го победија тимот на Милан на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А.
Избраниците на Фабио Гросо направија изненадување во Реџо Емилија против фаворитот, чија трета позиција во италијанското првенство сега е разнишана.
А сè започна во петтата минута кога Доменико Берарди во свој стил ја изврте топката по додавањето на Лориенте и ја испрати зад Мењан.
Веројатно клучниот момент во натпреварот се случи и во 24-тата минута кога невнимателниот Томори заработи исклучување, по што практично на теренот имаше само еден тим.
Не поминаа ни две минути од играта во второто полувреме кога Сасуоло го дуплираше водството, Арманд Лориенте одигра двојно додавање со Торствед, по што Французинот со исклучително прецизен удар го погоди блискиот агол на голманот на Милан.
Сè потоа беше речиси рутински настап на домашниот тим, кој со победата стигна до вкупно 49 бода и е на деветтото место на табелата во Серија А.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата