Милан слави: Пулишиќ го реши миланското дерби на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан слави: Пулишиќ го реши миланското дерби на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
фото: AC Milan (X)

Милан слави на „Дерби дела Мадонина“ во рамките на 12-то коло од Серија А. Со голот на Пулишиќ „росонерите“ како номинални гости на „Џузепе Меаца“ го победија Интер со 1:0 и го прескокнаа на табелата.

Дербито на Милано донесе меч во кој Интер доминираше, но бодовите отидоа на контото на Милан и тоа само поради тоа што Чалханоглу не успеа да постигне гол од пенал, кога вече не беа искористени останатите шанси. „Нероаѕурите“ беа доминантни во првото полувреме, но освен стативата, не успеаја да погодат во мрежата на Мањан. Во 27-та минута Ачерби ја погоди рамката од голот, а девет минути подоцна тоа го направи и Лаутаро Мартинез.

На стартот на вториот дел во 54-тата минута „гостите“ поведоа (ВИДЕО). Молскавична транзиција откако Фофана го пресече нападот на Интер, топката стигна до Салемакерс кој шутираше од околу 20 метри, Зомер одбрани, но Кристијан Пулишиќ го доби „отпадот“ и ја затресе мрежата за 0:1.

Поранешниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу доби пенал за израмнување во 74. минута, но Мајк Мањан го прочита и го одбрани неговиот удар од 11 метри (ВИДЕО). Во финишот, нападите на Интер продолжија, но гол не видовме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата