Атлетико Мадрид продолжи со серијата победи во Ла Лига откако вчерва минимално со 0:1 замина како победник од гостувањтео кај Хетафе. Иако домашните одлично одиграа цел меч, се случи онаа кобна 82. минута (ВИДЕО), кога Дуарте ја погоди сопствената мрежа и среќно му донесе водство на гостинскиот тим.
Атлетико гледајќи ја статистиката беше многу подобар и поофанзивен тим од Хетафе, но не успеа да реализира ниту една од шансите кои ги креираше во овие 90. минути. Среќата, сепак, беше на нивна страна и Чоло Симеоне може да биде задоволен што неговите момци и натаму се на само неколку бода од врвот во Ла Лига.

