Милан го декласира Фросиноне, деби гол на Јовиќ

2.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан го декласира Фросиноне, деби гол на Јовиќ

Екипата на Милан со убедливи 3:1 го совлада Фросиноне во меч од 14.коло во Серија А. „Росонерите“ ја запишаа деветтата победа и со 29 бода му се приближија на второпласираниот Интер кој има 32 бода но и меч помалку.
На „Сан Сиро“ резултатот го отвори Лука Јовиќ во 43 минута со својот прв гол во дресот на Милан. Зголеми Кристијан Пулишиќ во 50. минута, а во 74 минута Јовиќ му асистираше на Томори за 3:0. Гостите намалија преку Брешианини во финишот.

Милан нема пораз од Фросиноне, а ова беше трета нивна победа во петте досегашни натпревари во првенството.
Денеска се одиграа уште два меча. Џенова и Емполи одиграа 1:1, а Лацио го победи Каљари со 1:0 со гол на Педро во првото полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата