Милан е решен да го откупи договорот на Кајл Вокер

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан е решен да го откупи договорот на Кајл Вокер

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е подготвен трајно да го ангажира англискиот репрезентативец Кајл Вокер од Манчестер Сити, но „росонерите“ ќе ги почекаат понудите за Тео Ернандез. Весникот пишува дека Милан е подготвен на лето да потпише со дефанзивецот на Манчестер Сити постојан договор.

Англискиот десен бек им се приклучи на „росонерите“ на позајмица во јануари со опција за откуп за 5 милиони евра. Од друга страна, Милан ќе ги чека понудите за Тео Ернандез, бидејќи француската ѕвезда најверојатно нема да го продолжи договорот, кој истекува на крајот од сезоната 2025/26.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата