Меси и Суарез стрелаа во убедливата победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси и Суарез стрелаа во убедливата победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Интер Мајами забележа убедлива победа од 4-1 на домашен терен против Њујорк Ред Булс во 11-то коло од МЛС. Домаќините ги воодушевија своите навивачи со убава и ефикасна игра и додадоа нови вредни бодови на својот тим.

Луис Суарез и Лионел Меси беа двајца од стрелците постигнувајќи гола во 39-тата и 67-мата минута. Покрај нив, прецизни за Интер беа и Фафа Пико во 9-тата минута и Марсело Вајганд во 30-тата минута. За гостите, голот го постигна Ерик-Максим Чупо Мотинг во 43-тата минута.

Со оваа победа, Интер собра 21 бод и се наоѓа на 4-то место на табелата во Источната конференција, со натпревар помалку во својата конкуренција. Њујорк е на 9-та позиција со досега освоени 15 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата