Некогаш еден од најквалитетните млади фудбалери во Европа, и член на големиот Ливерпул, србинот Марко Грујиќ ќе игра во Бугарија, каде што стана нов член на тимот на Левски. Му се приклучува на тимот каде што во моментов со успех настапува нашиот репрезенаттивец Никола Серавимов.
Надолната линија во кариерата на Грујиќ продолжува. По едногодишниот престој во АЕК Атина сега, тој доаѓа во Софија.
Претходно, некогаш сериозно надежниот Грујиќ сензационално во младите свои години од Црвена Звезда беше продаден во Ливерпул. За да потоа следат и епизоди во Бенфика, Порто, Херта, како позајмен играч. Ливерпул никогаш не ми даде вистинска шанса, која што очигледно Грујиќ на така високо ниво ниту ја заслужувал очигледно.
Сега, со 30 негови години пристигнува во Софија, каде што Левски со сите сили се обидува да влезе во групната фаза од Лигата на шампионите.

