Досегашниот играч за врска на тимот на Аталанта, Марко Брешанини е нов член на тимот на Фиорентина. Овој трансфер тимот од Фиренца го прави во клучните моменти од шампионатот, кофа Фиорентина едноставно мора да почне да освојува бодови, за да не се случи најлошото односно клубот да не испадне од лига.
Најпрво Брешанини пристигнува на позајмица, а во самиот договор стојат клаузули за откуп, и обавезен откуп доколку се исполнат некои од условите на пролет.
Брешанини е производ на академијата на Милан, каде што го имаше своето деби во Серија А. Пред да се етаблира во Аталанта, тој стекна искуство и со Фрозиноне.
Marco Brescianini é Viola💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/PRknYKEqux
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) January 9, 2026

