„Марка“: Скандал во најава – Реал размислува дали воопшто да го игра финалето на Купот!?

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Марка“: Скандал во најава – Реал размислува дали воопшто да го игра финалето на Купот!?

Директорите на Реал Мадрид не одлучија официјално да поднесат жалба за одбиената промена на судиите за утрешното финале на Купот на Шпанија, но огорченоста расте. „Марка“ пишува дека во Реал Мадрид ја следеле реакцијата на навивачите, гледајќи како малку по малку расте огорченоста, до тој степен што реши да поднесе формална жалба до Федерацијата и да сугерира дека судијата од ВАР собата мора да биде променет. Откако федерацијата ја одби нивната жалба, Реал размислува да не истрча утре на финалниот меч.

Реал Мадрид се уште не се знае дали ќе биде и на тренингот и на гала вечерата за финалето. Флорентино Перез не планирал да пристигне во Севиља до сабота наутро, па затоа и онака немаше да присуствува на вечерата.

Можноста за не играње на финалето продолжува да се наѕира, но Федерацијата се надеваат дека исходот нема да оди подалеку од пропуштањето на тренинзите и прес-конференцијата.

„Реал Мадрид ги смета за неприфатливи јавните изјави дадени денес од страна на судиите назначени за финалето на Купот на Кралот, планирано да се одржи утре, 26 април 2025 година. Со оглед на сериозноста на она што се случи, Реал Мадрид се надева дека одговорните за РФЕФ и судиското тело ќе постапат соодветно, преземајќи ги неопходните мерки за одбрана на престижот на институциите што ги претставуваат“, се вели во соопштението кое Реал (М) го објави пред малку.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата