Ма, каков Гостивар: Нани преку Комунистичката партија влегува во парламентот на Португалија!

17.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ма, каков Гостивар: Нани преку Комунистичката партија влегува во парламентот на Португалија!

Луис Нани, некогашната мега – ѕвезда на светскиот фудбал минатото лето, барем такви беа најавите од страна на довчерашниот прволигаш во ПМФЛ, беше многу блиску од трансфер во Гостивар. Платата била договорена, ама на португалскиот ветеран, сега играчки пензионер, наводно не му се допаѓале терените во Македонија, и затоа тој трансфер кој во тоа време го “стресе“ Балканот, не се оствари.

А и подобро за него што не дојде, којзнае како ќе чувствуваше Нани по сите оние настани оваа пролет во врска со Гостивар.

Сега тој е интересен во една друга “приказна“. Имено во Португалија утре се одржуваат избори а тој е на списокот на кандидати на Комунистичката партија и можно е да влезе во тамошниот парламент.

И нему му е јасно подобро да биде политичар во Португалија отколку да биде избламиран за сиот живот како фудбалер на Гостивар.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата