Лука Модриќ со порака до Дон Флорентино: Сакам да останам уште една година!

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лука Модриќ со порака до Дон Флорентино: Сакам да останам уште една година!

Лука Модриќ не крие дека посакува барем уште една сезона или уште една година да го носи дресот на Реал Мадрид. Познато е дека на Хрватот по завршување на оваа сезона му завршува договорот со “кралевите“, а засега не се знае дефинитивно дали Флорентино Перез ќе му го продолжи на уште една или легендата на Реал ќе мора да си бара нова средина.

Како што денеска пренесуваат медиумите во Шпанија, а тоа го објави и Фабрицио Романо, Лука Модриќ преку своите претставници ,му порачал на Флорентино Перез дека сака да остане во Мадрид до јуни 2026 година под било кои услови.

Јасен е планот на Модриќ. Имено тој посакува да биде од Реал се до следниот јуни кога би ја завршил кариерата како играч на “кралевите“ за да потоа и дефинитивно се прости од фудбалот со настап на СП 2026 со својата Хрватска.

По ова на потег е Перез.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата