Луис Енрике во ПСЖ до 2027!

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луис Енрике во ПСЖ до 2027!

Готово е. Луис Енрике ја продолжија соработката до 2027. Ова беше и поврдено од страна на ПСЖ пред вечерашниот меч со Монако.

Колку за потсетување, актуелниот договор на Шпанецот со пребогатиот клуб од Париз му истекува во јуни. Интересно, пред извесно време, кога резултатите во дел од оваа сезона и не беа којзнае какви, се слушнаа шпекулации дека играчите не се задоволни од тоа како Енрике го води тимот.

Сепак претсдателот на клубот Насер Ал – Келаифи му ја даде сета поддршка на својот тренер, во неколку наврати истакнуваше дека Луис Енрике е најдобриот тренер во светот и потоа резултатите дојдоа. Сега ПСЖ блеска.

Моменталната годишна плата на Енрике во ПСЖ изнесува 11,5 милиони евра нето, се очекува со новиот договор таа да биде во најмала рака 12-13 милиони евра.

Покрај Енрике договорите ги продолжија и Хакими, Мендеш и Витиња.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата