Луис Енрике разочаран: Ова беше многу, многу неправедно

6.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луис Енрике разочаран: Ова беше многу, многу неправедно

Менаџерот на ПСЖ, Луис Енрике го нарече неправеден поразот од Ливерпул синоќа во осминафиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ загуби од англискиот клуб со 0:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите на УЕФА иако во мечот упати 27 удари кон противничкиот гол, додека гостите шутнаа само двапати и на крајот славеа.

„Ова е многу неправедно. Можеби ова беше нашиот најкомплетен натпревар во Лигата на шампионите. Нивниот најдобар играч беше голманот. Многу сум горд на мојот тим, но фудбалот понекогаш е нефер. Да размислиме за реваншот. Дали ни е тешко против големите тимови? Бевме многу подобри од Ливерпул. Сепак, тие победија. Не гледам никакви негативни аспекти. Останува уште еден натпревар. Оптимист сум“, изјави главниот тренер на ПСЖ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата