Луд пресврт на Рома: Губеа до 94. минута, па потоа погодија двапати за победа (ВИДЕО)

10.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луд пресврт на Рома: Губеа до 94. минута, па потоа погодија двапати за победа (ВИДЕО)
фото: AS Roma English (X)

Фудбалерите на Рома со неверојатен пресврт го победија тимот на Парма како гости со 3:2 во драмата на 36-то коло од италијанската Серија А.

До 94-тата минута „волчицата“ губеше со 2:1 и беше далеку од победа, а потоа во судиското продолжение направи чудесен пресврт и остана во трка за место во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа во 22-та минута кога најдобриот стрелец на тимот, Донел Мален, ја искористи асистенцијата на Дибала и рутински ја затресе мрежата на „млекарите“. Сепак, во вториот дел Парма израмни во 47-та минута, а потоа на три минути пред крајот Кеита погоди и за 2:1.

Во четвртата минута од судиското продолжение, Рома израмни со голот на Девин Ренш. Се чинеше дека гостите ќе освојат бод, но потоа голгетерот Ренш беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот во 98-та минута, а по гледањето на ВАР, беше досуден пенал за „волчицата“. Во 101-та минута Мален ја презеде одговорноста и постигна гол победа на Рома од 3:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата