ЛШ: ПСЖ на пенали го елиминираше Ливерпул за четвртфинале во ЛШ

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: ПСЖ на пенали го елиминираше Ливерпул за четвртфинале во ЛШ

Екипата на ПСЖ е последниот вечерашен патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Францускиот првак по подобро изведување на пенали го елиминираше Ливерпул.

Во регуларните 90 минути екипата на ПСЖ успеа да му реваншира на Ливерпул за поразот на првиот меч. Со голот на Дембеле во 12. минута, гостите дојдоа до водство од 0:1 и успеаја до крајот на мечот д аго задржат. Ливерпул имаше повеќе од играта, притискаше, создаде голем број шанси, особено во вториот дел, но не успеа ниту една да претвори во гол. ПСЖ исто така имаше неколку одлични можности за втор гол, но и тие не успеаја да реализираат, па мечот отиде на продолженија.

Ниту дополнителните 30 минути не дадоа плод. Иако и двата тима имаа свои шанси, мрежите останаа недопрени, па одлуката падна по изведување на пеналите.

Во првата серија, Витиња имаше среќа и за малку успеа да го совлада Алисон, а на спротивната страна Салах беше сигурен за 1:1.

Во втората серија Рамос беше сигурен за ПСЖ, додека Дарвин Нуњез не успеа да погоди за Ливерпул, откако Донарума успеа да го одбрани неговиот удар.

Дембеле со сигурно изведен пенал го доведе ПСЖ и до 3:1, додека за Ливерпул повторно не успеа да го совлада Донарума. Кертис Џонс промаши и ПСЖ веќе дојде на чекор до полуфиналето.

Одлучувачкиот пенал во четвртата серија го изведе Дуе кој успеа да погоди за конечни 4:1 и пласман на Французите во четвртфиналето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата