Во уште една извонредна пресметка, европскиот шампион ПСЖ води со 1:0 по првото полувреме во реванш полуфиналето во Лигата на шампионите.
Французите многу рано го отворија резултатот со голот на Дембеле уште во 3. минута, што им создаде дополнителни проблеми на домашните, кои на 45 минути до крајот на мечот влегуваат со два гола негатива во вкупониот резултат од двата меча (4:6).
Баерн (М) имаше неколку убави шанси во финишот преку Мусиала, но треба да се напомене дека и ПСЖ имаше шанси да ја зголеми предноста.

