Извонредно прво полувреме видовме на „Метрополитано“ зачинето со три гола, многу шанси и атрактивен фудбал во два правци. Барселона успеа многу брзо да поведе по една грешка на домашната одбрана. Јамал изби сам пред Мусо и во 4. минута ги донесе Каталонците до предност од 0:1.
Момците на Флик успеаја во краток период да створат уште неколку шанси, а по една одлична асистенција на Олмо, Феран Торес во 24. минута ги донесе гостите и до 0:2. Сепак Атлетико успеа да одговори со голот на Лукман во 31. минута и да ја одржи предноста на „јорганнџиите“ во фкупен резултат (3:2).
На дуелот на „Енфилд“ првото полувреме не донесе гол. ПСЖ се уште ја има предноста од два гола од првата средба. За одбележување се неколку шанси, особено оние зрели на ПСЖ кои гостите не ги претворија во гол, а Ливерпул и на оваа средба се мачи да дојде до гол шанса.
Во првиот дел кај „црвените“ се повреди Екитике и мораше принудно да биде заменет со Салах, додека кај ПСЖ се повреди Нуно Мендеш, па на негово место влезе Лукас Фернандез.

