Европскиот шампион ПСЖ го потврди својот пат во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето кај Ливерпул обезбеди нова победа со идентичен резултат како и на првиот меч – 0:2. Во меч во кој Ливерпул се разбуди дури во второто полувреме и со многу замени од клупата тргна на „се или ништо“, домашните не успеаја да искористат ниту една шанса за да го отворат резултатот и да ја вратат неизвесноста на овој меч. Добри шанси имаа и Салах, Гакпо, Гравенберх, Рио, но неуспешната финализација им донесе прва вистинска шанса на гостите, која не ја пропуштија.
Имено во 72. минута по една одземена топка, Дембеле распали од далечина и го погоди голот на Мамардашвили со што приреди студен туш на „Енфилд“. Ливерпул во продолжение не успеа да се врати во колосек и беше јасно дека парижани одат понатаму. Како печат на вториот триумф дојде и вториот гол на Дембеле во судиското надополнување.
Многу поинтересно беше на „Метрополитано“ во Мадрид. Таму Барселона со молскавичен почеток успеа за само 24 минути да ја надомести негаривата од првиот меч. Имено, во 4. минута Јамал по една грешка на домашните успеа да погоди за 0:1, а веќе во 24. минута со гоилот на Феран Торес Каталонците дојдоа до анулирање на предноста на Атлетико.
Домашните не се уплашија, тргнаа во напад и во 31. минута преку Лукман успеаја да погодат за 1:2. Иако во второто полувреме главно се играше пред голот на домашните, Атлетико имаше неколку добри шанси. И во моментите кога Барса требаше да тргне најсилно кон голот на домашните, нов црвен картон. Овој пат Ерик Гарсија фаулираше како последен играч во одбраната при еден пробив на Сорлот, по што судијата Турпан му даде директен црвен картон во 82. минута.
До крајот јалови беа нападите кон голот на Мусо, Атлетико ги задржа оние 3:2 во вкупната пресметка за место во полуфиналето.

