ЛШ: Атлетико слави на „Камп Ноу“, ПСЖ можеше и поубедливо против Ливерпул (ВИДЕО)

8.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Атлетико слави на „Камп Ноу“, ПСЖ можеше и поубедливо против Ливерпул (ВИДЕО)

Европскиот шампион ПСЖ славеше со 2:0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Вечерва во Париз имаше само еден тим, ПСЖ и вистинско чудо е како на овој натпревар „црвените“ примија само два гола. Парижани, особено во второто полувреме, имаа најмалку уште три чисти шанси за трет погодок, но не успеаја да реализираарт ниту една.

Домашните поведоа со еден убав гол на Дуе во 11. минута, додека голот број два стигна во 65. минута кога Кваратсхелија се прошета во шеснаесетникот на Мамардашвили и на празен гол погоди за 2:0. За издвојување е што пред крајот во тимот на Ливерпул влезе Швеѓанецот Исак, кој по долгата пауза поради повреда ги одигра последните минути од мечот. На реваншот во Ливерпул, европскиот првак оди со комотна предност за полуфинале.

Атлетико (М) славеше со 2:0 на гостувањето кај Барселона во вториот вечерашен дуел од четвертфиналето. Каталонците имаа игра, се обидуваа да креираат шанси за гол, но дојде моментот од 44. минута кога Кубарси како последен фудбалер во одбраната го собори Симеоне, а судијата по асистенција на ВАР му покажа директен црвен картон. Од слободниот удар Алварез го донесе гостинскиот тим до водство од 0:1.

Во вториот дел Барса и со играч помалку притискаше, но не успеа да го совлада Мусо, иако имаше неколку одлични шанси за гол. Казната стигна во 70. минута кога Сорлот по едно одлично уфрлување ја смести толката во мрежата на домашните за конечни 0:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата