Секоја чест за Јирген Клоп, но овој Ливерпул на Арне Слот е вистинска “МАШИНА“. Вечерва на “Енфилд“ со 4:0 го победи Тотенхем во реваншот од полуфиналето и си закажа финале против Њукасл во Лига Купот, кое ќе се игра на “Вембли“.
Овој Ливерпул не се шегува. Лидер е во ПЛ, во ЛШ лигашката фаза ја заврши како прв, еве финале во Лига Купот а тука е и ФА Купот.
Секоја чест за Ливерпул на Арне Слот.
Инаку овие втори 90 минути “спарси“ ги започнаа со 0:1, имено со тој резултат заврши првиот меч во Лондон на 16 март.
Но, “Редси“ со головите на Гакпо (34.минута), Салах (51.), Собослаи (75.) и Ван Дајк (80.), покажа кој е кој во моментов во светот на фудбалот.
Ливерпул го брани трофејот и има шанса да дојде до 11-тиот пехар, рекорден, во ова натпреварување.