Кој е главен фаворит за титулата на СКП? Ниту ПСЖ, ниту Реал, ни Баерн, туку…(ФОТО)

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е главен фаворит за титулата на СКП? Ниту ПСЖ, ниту Реал, ни Баерн, туку…(ФОТО)

Пред почетокот на четвртфиналните мечеви на Светското првенство за клубовиви во САД, Опта пресмета дека тимот на Челзи има најголеми шанси за освојување на турнирот!

Навистина делуба неверојатно, но за тоа има објаснување. Имено причината е што Челзи е на „лесната“ страна од ждрепката, бидејќи во полуфиналето се соочува со Палмеирас, а потоа со Флуминенсе или Ал Хилал. На другата страна се четири европски тима – ПСЖ и Баерн, или Реал Мадрид и Борусија.
Опта пресметала дека Челзи има најголеми шанси – 26,44%, проследено од ПСЖ со 25,45% и Реал Мадрид со само 16,59%. На Баерн Минхен му се даваат 14,78%, на Борусија Дортмунд 7.88%, на Ал-Хилал 4,37%, на Палмеирас 2.93%, и на Флуминензе 1.56%. 

Секако дека ова делува интересно и по малку неверојатно, но сепак останува да видиме дали навистина така и ќе биде, дали навистина Челзи ќе биде победникот на овој турнир.

Јасно е дека според игрите и формата, ПСЖ делува страшно и моќно. Реал Мадрид никој не смее да го заборави а исто и Баерн Минхен.

Но во оваа пресметка на Опта има логика и ако Челзи дојде до финалето, тогаш во еден меч и тоа како ќе има шанси да дојде до пехарот.

ФОТО: ФИФА СКП/Х


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата