Легендата на англискиот фудбал, Гери Линекер, не се сомнева дека бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ќе замине во Шпанија и ќе го облече дресот на Реал (М). Актуелниот договор на 26-годишниот дефанзивец со Ливерпул истекува во 2025 година, а беше објавено дека Трент е блиску до договор со Реал Мадрид.
„Има смисла. Трент е многу близок со Џуд Белингем и одлично би се вклопил во тимот. Го чека огромен успех. Тие нема да ја критикуваат неговата дефанзивна игра како ние. Тој ќе биде голема загуба за Ливерпул, но тие го имаат Конор Бредли кој се снајде многу добро. Како можеш да го одбиеш Реал Мадрид? Ливерпул е неверојатен фудбалски клуб, но нов предизвик, играњето во странство и јас сам го направив тоа. Колку и да е силна, моќна и богата англиската Премиер лига, сепак најголемите фудбалери заминуваат во Барселона и Реал Мадрид“, вели Линекер.