Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

30.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Па така, последната информација од попладнево вели дека нов спортски директор на клубот е Радосав Рача Петровиќ некогашниот ас на тимот, кој што потоа направи сериозна кариера во Англија и во Европа.

Тој е уште еден во редицата на легенди на клубот кој што ќе се обиде да помогне во оваа многу деликатна ситуавија во која што се наоѓа Партизан. За тренер веќе е поставен Саша Илиќ, уште една легенда, а еве сега пристигнува и Петровиќ, а тука секако е и Данко Лазовиќ.

За Петровиќ се вели дека нема досега вакво искуство, на функција на спортски директор но неговото огромно познавање и контакти во европски и светски рамки секако дека ќе дојде до израз.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата