Легањес го шокира Атлетико Мадрид: Гризман промаши пенал за бод!

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легањес го шокира Атлетико Мадрид: Гризман промаши пенал за бод!

Легањес – Атлетико Мадрид 1:0 е конечниот исход на мечот во Ла Лига. Голем, голем кикс на “јорганџиите“ кои и тоа како ќе жалат за овие три бода во битката за титулата. Уште повеќе ако се знае дека во 90.минута Атлетико Мадрид имаше пенал но Антоан Гризман не успеа да го реализира.

Ова е прв пораз на тимот на Диего Чоло Симеоне по 15 победи во серија. Стрелец на победничкиот гол за домашниот состав на Легањес беше Настасиќ во 50.минута.

Сега Атлетико има 44 бода по 20 меча, Реал 43 од 19 и Барселона 18 од 19 средби.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата