Со голот на Соланке од пенал, Тотенхем извојува победа на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт и по оние 1:1 на одмашен терен, Англичаните изборија место во полуфиналето на Лигата на Европа. Покрај нив, вечерва место меѓу најдобрите четири обезбедија и фудбалерите на Атлетик (Б) кои на домашен терен со 2:0 го совладаа Ренџерс и со тоа по оние 0:0 од првиот меч супериорно дојдоа во најдобрата четворка.
Последните двајца полуфиналисти ќе се решаваат по продолженијата или по изведувањето на пеналите. Манчестер Ј. имаше меч в рака по водството од 2:0 над Лион со головите на Угарте и Дало од првото полувреме, но упорните гости со два брзи гола во период од 7 минути успеаја да дојдат до 2:2 и да се изборат за продолженија.
Продолженија има и во Рим, каде Лацио во третата минута од судиското продолжение погоди за 2:0 против норвешки Бодо, со што ја анулираше негативата од првиот меч и го однесе дуелот во нови 30 минути.
Лига на Европа – ¼ финале – реванш
*Атлетик Б. – Ренџерс 2:0 (0:0)
Ајнтрахт Ф. – *Тотенхем 0:1 (1:1)
Лацио – Бодо 2:0 (0:2)
Манчестер Ј. – Лион 2:2 (2:2)