ЛЕ: Лион се врати на врвот, Миовски и Ренџерс ремизираа со Брага, втора радост за Ц. Звезда

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛЕ: Лион се врати на врвот, Миовски и Ренџерс ремизираа со Брага, втора радост за Ц. Звезда

По поразот од Бетис во минатото коло, лидерот на табелата во Лигата на Европа, француски Лион им се врати на победите. Вечерва Лион славеше убедливо со 0:6 на гостувањето протв Макаби ТА и повторно се врати на челното место на табелата.

Бетис остана една од четирите непоразени екипи во натпреварувањето и по пет кола, откако вечерва на домашен терен со 2:1 славеше над холандски Утрехт. Хернандез во првото и Езалзули во вториот дел беа стрелци за „зелено-белите“, додека единствениот гол за Утрехт го постигна Родригез.

Миовски и Ренџерс одиграа само 1:1 на домашен терен против Брага, која во добар дел од мечот играше со играч помалку поради добиен црвен картон. Миовски и вечерва не доби шанса да биде стартер, па влезе во игра дури во 77. минута.

Исклучително важна победа вечерва и за фудбалерите на Генк кои до третата победа дојдоа на домашен терен триумфирајќи против Базел со 2:1. Белгијците се вратија во ТОП 10 на табелата, со сериозни шанси во следните кола да нападнат и едно од првите осум места кои водат директно во осминафиналето.

Белградска Црвена Звезда со играч помалку дојде до 1:0 и втората последователна победа, откако вечерва во Белград падна и романска ФЦСБ. Домашните останаа со играч помалку во првото полувреме по исклучувањето на Учена, но со голот на Дуарте на стартот на вториот дел бодовите останаа на „Маракана“.

Бетис – Утрехт  2:1

Болоња – Салцбург 4:1

ГА Иглс – Штутгарт  0:4

Генк – Базел  2:1

Макаби Тел Авив – Лион  0:6

Нотингем – Малме   3:0

Панатинаикос – Штурм  2:1

Ренџерс – Брага  1:1

Црвена Звезда – ФЦСБ  1:0


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата