По возбудувањата во Лигата на Шампионите вчера и завчера, вечерва се играат сите први полуфинални мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Јасно е дека во преден план е дуелот на некогашните европски прваци од пред четири децении и повеќе, Нотингем Форест против Астон Вила. Тимот на Вила веројатно е фаворит ако се знае дека реваваншот се игра на нејзин терен, но ова е Европа, ова е полуфинале и јасно е дека се е можно.
Брага на свој терен го дочекува Фрајбург во второто полуфинале во Лигата на Европа.
Во Лигата на Конференции, Рајо Ваљекано, некогашниот тим на Столе Димитриевски и тимот кој со 2:0 ја победи Шкендија во 1.коло во Лигашката фаза, на свој терен игра со Стразбур, додека во второто полуфинале играат Шахтјар и Кристал Палас.
Сите мечеви се играат вечерва од 21 часот а реваншите се закажани за 7 мај.
Who will take a first-leg advantage? 🤔#UEL pic.twitter.com/WYxLeiTsB4
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) April 30, 2026
ДВОЈКИ ЗА ЛЕ – 21 Ч
Брага – Фрајбург
Нотингем Форест – Астон Вила
Two huge matches tonight 🍿#UECL pic.twitter.com/xeO9vHbckM
— UEFA Conference League (@Conf_League) April 30, 2026
ДВОЈКИ ЗА ЛК – 21 Ч
Рајо Ваљекано – Стразбур
Шахтјар – Кристал Палас

