Лани беа шампиони, сега „фенерџии“ – Јанг Бојс го смениja тренерот

8.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лани беа шампиони, сега „фенерџии“ – Јанг Бојс го смениja тренерот

Шампионот на Швајцарија, Јанг Бојс одлучи да го смени тренерот Патрик Рамен по катастрофалните резултати на почетокот на сезоната. Изненадувачки, Јанг Бојс е шампион на Швајцарија, а во новата сезона е последнопласиран на табелата во домашното првенство по девет кола, а во групите на ЛШ забележаа два порази од исто толку натпревари без постигнат гол (од Астон Вила 0:3 и од Барселона 0:5).

Ни беше тешко да го отпуштиме Рамен. Меѓутоа, по опсежни анализи и дискусија дојдовме до заклучок дека е потребна промена. Нашата ситуација на табелата е непријатна. Сакаме да се вратиме на прав пат“, изјави спортскиот директор на Јанг Бојс, Кристоф Шприхер.
Привремен тренер е назначен Жоел Мањин, кој е тренер на У21 тимот. Идното коло, на 19 октомври Јанг Бојс ќе биде домаќин на Луцерн во домашниот шампионат, а во ЛШ на 23 октомври ќе биде домаќин на Интер.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата