Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ќе биде отпуштен во блиска иднина, прогнозираат англиските букмејкери.
Според обложувалниците, 47-годишниот Холанѓанец повторно е фаворит за отпуштање во Премиер лигата. Коефициентот за отказ на Слот значително падна по вчерашниот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите, особено што „црвените“ не успеаја да упатат ниту еден удар кон голот на противникот.
Ова е трет последователен пораз за Ливерпул. Во последните шест натпревари во сите натпреварувања, „црвените“ имаат една победа, едно реми и четири порази. Се шпекулира дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е главен кандидат да го замени Слот во Ливерпул.
Квотата за отказ на слот падна на 2.38, колку што е и за отказ на менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер. Трет фаворит за отказ е Лиам Розениор од Челзи (9.00).

