Куња има потрес на мозокот, не се знае дали ќе игра против Евертон

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куња има потрес на мозокот, не се знае дали ќе игра против Евертон
фото: Fabrizio Romano (X)

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Матеус Куња, предизвика загриженост кај својот менаџер Рубен Аморим и тренерскиот штаб на „црвените ѓаволи“ пред натпреварот против Евертон. Бразилецот требаше да учествува на церемонијата на палење на божиќните светла во предградието на Манчестер, Алтринчам, но организаторите објавија дека тој нема да присуствува поради здравствени проблеми.

Стана јасно дека Куња доживеал потрес на мозокот на саботниот тренинг и не може да учествува на настанот. Веста доаѓа само два дена пред дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон во понеделник на „Олд Трафорд“.

Сè уште нема официјални вести од Манчестер Јунајтед за состојбата на Матеус Куња.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата