Кризата со повреди го принудува ПСЖ да го одврзе ќесето во јануари

24.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кризата со повреди го принудува ПСЖ да го одврзе ќесето во јануари
Пари Сен Жермен би можел да биде еден од најактивните клубови во зимскиот преоден рок поради сериозните повреди на Хвича Кварацхелија и Дезире Дуе. Двајцата имаат скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и нема да играат до крајот на сезоната, што ги принудува парижаните да размислуваат за ангажман на нови офанзивни фудбалери, објавува шпанскиот весник „АС“.

Спортскиот директор Луис Кампос и тренерот Луис Енрике веќе разгледуваат различни опции за засилување на нападот. Меѓу главните кандидати е Антонио Нуса од РБ Лајпциг, кој е високо ценет поради брзината и квалитетот во играта еден на еден. Друга опција е Абде Езалзули од Бетис, чија откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.

На списокот со потенцијални засилувања се наоѓаат и Џанлука Престијани од Бенфика, Ибрахим Маза од Баер Леверкузен, Луис Дијаз од Баерн Минхен и Естевао од Челзи. Не се исклучени ниту поскапите трансфери, па така се споменуваат и имињата на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.

И покрај сериозните финансиски можности на ПСЖ, Луис Енрике не сака да брза со новите засилувања. Шпанскиот стратег претпочита клубот да ангажира фудбалери кои навистина сакаат да се преселат во Париз, а истовремено да избегнува плаќање нереално високи суми.

Парижаните веќе покажаа дека се подготвени да инвестираат значителни средства во јануарскиот преоден рок. Во 2024 година платија 70 милиони евра за Кварацхелија, а доколку повторно излезат на трансфер-пазарот, клубот би можел да потроши десетици милиони евра. Сепак, засега нема информации за конкретен буџет или испратени официјални понуди.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата