Португалскиот стратег зборуваше за следниот противник, густиот распоред, физичкиот напор на фудбалерите и многу други теми, а во центарот на вниманието се најде и неговиот коментар за изјавата на Луис Енрике, кој призна дека би бил подготвен да прифати помала плата само за да ги избегне обврските кон медиумите.
Мурињо, сепак, нема намера да направи таков компромис.
„Јас не би го прифатил тоа. Нека останат истите прес-конференции и истата плата. Не ми ја чепкајте платата!“, се пошегува Португалецот.
Мурињо смета дека ПСВ поседува многу поголем квалитет отколку што тоа го покажуваат резултатите во досегашниот дел од сезоната.

