Денешната програма од Премиер лигата е заокружена со гостинската победа на екипата на Ковентри кај тимот на Нотингем Форест. Конечните 0:1 се дело на Џеј Дасилва, интернационалецот од Велс, кој што реализираше во 55. минута.
Во продолжението на мечот, домаќинот силно притисна во обид да се спаси од најлошото, а клучен момент е поништениот гол на Игор Жезус, во 87. минута поради прекршок.
Ова беше прва „позитива“ за тимот на Ковентри сезонава. Затоа што овој тим во првите четири кола од шампинатот не освои ниту едне бод. Со овие три бода сега Ковентри се одлепи од самото дно на табелата.
Нотингем Форест пак досега собра пет поени.

