Според она што го пишуваат италијанските медиуми, Антонио Конте во моментов тренерот на Наполи, не би имал ништо против за да ја преземе повторно функцијата селектор на Италија.
Конте веќе еднаш беше на оваа позиција од 2014 до 2016 година, а по оставката на Џенаро Гатузо, и дебаклот во последниот бараж за Мундијалот во кој Италија загуби од Босна и патем го пропушта третиот последоватен светски самит, во моментов кормиларот на Наполи го гледаат како најидеалното решение.
Алегри односно Манчини исто така се имињата кои што се споменуваат, но за нив во моментов реакциите се негативни.
Дополнително, Аурелио Де Лаурентис првиот човек на Наполи, според написите, не би имал ништо против Конте да биде новиот прв човек на Азурите.

