Конте: Луд притисок, но овие момци беа фантастични

24.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте: Луд притисок, но овие момци беа фантастични

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше исклучително задоволен од освојувањето на шампионската титула на неговиот тим вечерва по победата од 2-0 над Каљари, но призна дека тој и неговите играчи биле нервозни пред почетокот на натпреварот, за да не ги разочараат десетиците илјади навивачи на трибините.

„Го направивме тоа повторно и тоа е одлично. Кога стигнавме на стадионот, да бидам искрен, беше малку тешко да влеземе бидејќи не знаевме точно колку навивачи имаше, но помислата дека можеме да ги разочараме сите овие луѓе беше нешто што ќе го носиме со нас долго време. Овие момци беа фантастични. Не беше лесно, притисокот врз тимот беше луд, но го направивме тоа на најдобар можен начин. Беше исклучителна сезона и момците заслужуваат пофалби што можеа повторно да се мотивираат и да се предизвикаат себеси откако завршија десетти минатата година по освојувањето на титулата пред две години. Тоа беше неочекуван, тежок, но исто така и стимулативен предизвик во мојата кариера. Да дојдам во овој тим кој заврши десетти пред една година и да се обидам сè да го вратам на вистинскиот пат. Морав да убедам некои од важните играчи да останат бидејќи знаевме дека можеме да направиме нешто позитивно. Имаше разочарувања како тоа реми 0-0 со Модена во Купот и поразот од 3-0 од Верона. Стигнавме до оваа точка и сега можеме да го славиме Скудетото“, рече Конте.

Специјалистот стана и првиот тренер кој ја освои титулата во Серија А со три различни тима. Тој ги пофали своите играчи за нивната посветеност на тимот и истакна дека има нешто посебно во тимот што стигна до втората титула за три години.

„Искрено, многу е тешко да се победи со Наполи. Ситуацијата воопшто не беше лесна бидејќи ова не е тим кој е навикнат секогаш да се бори за победа од самиот почеток. Сепак, овие играчи го направија тоа двапати за три години, што покажува дека има нешто посебно тука, многу сум среќен за овие играчи. Пред повеќе од 30 години Марадона ја освои титулата, сега Џовани Ди Лоренцо како капитен повторно ќе го крене трофејот со лентата, ова е нешто посебно. Уживам во сè, имам добар однос со претседателот, имавме можност да се запознаеме во текот на сезоната, двајцата сме победници. Можеби сме победници на различни начини, но ние сме победници“, рече Конте.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата