Компани: Минуваме низ тежок период и мора да останеме обединети

29.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Компани: Минуваме низ тежок период и мора да останеме обединети
ФОТО: FC Bayern München/FB
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше ремито без голови против Хамбургер ШФ во натпревар од 11. коло во Бундеслигата. Баварците веќе три натпревари по ред не знаат за победа.

„Мојот став во моментов е следен: сè ќе решиме внатре во тимот. Ќе разговараме за сè, но нема само да разговараме – јасно и гласно ќе го искажеме нашиот став. Сепак, сега не сакам да кажам ништо повеќе. Тоа е сè.

Сега минуваме низ период во кој мораме да се бориме, да бидеме обединети со навивачите и да го зачуваме единството во клубот. Токму затоа велам дека црвениот картон во никој случај нема да предизвика раздор меѓу фудбалерите. Воопшто не ме интересира што мислат луѓето за тоа што треба да кажеме во ваква ситуација. Ќе разговараме внатре во тимот за сè што е потребно, како што секогаш правиме – искрено и отворено.

Во моментов ова се фудбалерите со кои располагаме. Ако продолжат да се борат со ваква посветеност, за мене е вистинско задоволство да бидам нивни тренер“, истакна белгискиот стратег.

Спред Компани токму од ваквите натпревари може да се научи многу, но само ако останат смирени.

„Ако останете смирени, токму во ваквите моменти можете многу да научите. Што ќе научев по победата од 7-0 над Унион Берлин? Дека Хари Кејн знае да ја испрати топката во мрежата? Сакам да кажам дека токму во ваквите моменти навистина учите нешто. И токму тоа го правиме сега“, заврши Компани.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата