Домаќинот од самиот почеток ја контролираа играта, а прашањето околу победникот практично го решија уште во првото полувреме. Во 29. минута Лаутаро Мартинез ја искористи одличната асистенција и со прецизен удар во долниот лев агол донесе водство за својот тим. Турам во 40. минута ја удвои предноста, а во финишот на првиот дел Интер доби пенал по проверка со ВАР-технологијата.
Одговорноста ја презеде Петар Сучиќ, кој во третата минута од судиското продолжение беше прецизен од белата точка за убедливи 3-0.
Во второто полувреме Интер постигна уште еден гол. Турам во 54. минута најдобро реагираше на одбиената топка во шеснаесетникот и ги постави конечните 4-0.
„Нероаѕурите“ рутински го приведоа натпреварот до крајот и впишаа нови три бода. Интер сега е на второто место на табелата со 32 бода, три помалку од лидерот Лацио.

