Комо се избори за бод против Наполи

2.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комо се избори за бод против Наполи
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Комо и Наполи одиграа без постигнат гол – 0:0 во денешниот втор натпревар од 35. коло во Серија А. Наполи кој веќе ја загуби битка за титулата, сега полека го губи ритамот за да се задржи и на второто место на табелата, особено по денешното реми против Комо, кој сериозно брка пласман во Лигата на шампионите.

Овој бод во голема мера може да им заврши работа на момците на Фабрегас, затоа што Комо сега е на два бода зад Јувентус, кој има натпревар помалку, но до крајот на сезоната има уште три кола. Наполи останува втор со три бода предност пред Милан, кој ако го совлада Сасуоло утре ќе се израмни со момците на Конте.

Нашиот Елиф Елмас денеска остана на клупата на гостите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата