Комо го совлада Наполи и го симна од лидерското место (ВИДЕО)

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комо го совлада Наполи и го симна од лидерското место (ВИДЕО)

Тимот на Комо приреди големо изненадување денеска откако на стартот на Серија А програмата го совлада тимот на Наполи на свој терен со конечни 2:1.

Домаќинот на овој меч стартуаше одлично откако Рахмани погреши и си постигна автогол по само седум минути игра. Следуваше израмнување од страна на Распадори десет минути подоцна.

Сепак, домаќинот кому бодовите му се потребни за мирен финиш на сезоната, стигна до победа со гол постигнат во 77. минута. Прецизен беше Асане Диао кој што има само 19. години, а буквално „растура“ сезонава.

Октако пристигна во Комо постигна четири гола и е откритие на сезоната во Серија А.

Со овој триумф Комо сега е 13. со 28 бодови, додека пак Лацио сега е втор со бод помалку од лидерот Интер.

 

https://www.goalstube.online/2025/02/como-napoli.html


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата