Кој е виновен за лошите резултати на Јунајтед? Поранешните играчи го знаат одговорот!

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е виновен за лошите резултати на Јунајтед? Поранешните играчи го знаат одговорот!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Пол Паркер, одлучи да му се придружи на Рој Кин во критиките кон Бруно Фернандеш. Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед од Ирска неодамна тврдеше дека капитенот на овој тим не е борец каков што му е потребен на тимот. Секако, главната причина за незадоволството е 15-тото место на табелата во Премиер лигата.

„Да нè спаси? Тие се 15-ти во лигата, а тој ги спасува?“ поранешниот капитен на Јунајтед одговори во „The Overlap“. „Мора да имате почетна точка. Се враќам на сето тоа – талентот не е доволен. Бруно е талентиран играч, но талентот не е доволен.“

Паркер само ги продолжи тврдењата на Ирецот. На прашањето дали главниот тренер на Јунајтед чувствува притисок поради моменталната состојба на табелата, со рекордно низок број на бодови и рекордно висок број на порази… Сепак, поранешниот играч на Манчестер верува дека проблемот не е во менаџерот, туку во играчите на кои не може да се потпре.

Првата мета на критики беше Фернандеш, и покрај тоа што постигна 19 гола и имаше 18 асистенции оваа сезона.

„Не мислам дека Аморим е под притисок. Мислам дека тој едноставно излегува на теренот и се обидува да го направи она што треба“, изјави Паркер за „Експрес Спорт“. „Тој не може да ги одмори луѓето, бидејќи на луѓето што ги одмора можеби им требаат натпревари за да се докажат. А нема никого што е навистина сигурен.“

Тој конкретно се осврна на капитенот на Манчестер:

„Нема конзистентност, нема континуитет во неговата игра. Затоа не мислам дека тренерот е под притисок. Секако, ужасно е што моравме да го споменеме испаѓањето на Манчестер Јунајтед во неколку наврати“, беше јасен поранешниот играч на овој клуб.

Манчестер Јунајтед моментално е на 15-то место во Премиер лигата и има 10 победи, девет нерешени и 16 порази. На крајот, тоа изнесува 39 бода, додека првопласираниот Ливерпул има 82.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата