Некогашниот голгетер на репрезентацијата на Германија и на милански Интер, Јирген Клинсман изјави дека очекува Интер оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА.
„Трката за титулата во Сеија А е многу интересна, бидејќи Наполи игра добро, а другите тимови исто така вложуваат многу сериозен напор да се најдат во врвот. Серија А отсекогаш била многу, многу конкурентна, но овојпат ситуацијата е малку необична. Интер треба да игра во секое натпреварување, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, додека Наполи треба да игра само во Серија А. За Интер ќе биде многу тешко повторно да го освои Скудетото, дури и ако тоа е очигледно можно. Сепак, јас навистина се надевам дека ќе ја освојат Лигата на шампионите“, изјави поранешниот напаѓач на „нероаѕурите“ за клупската телевизија.