КЛ: Партизaн го победи Хетафе, но не успеа да го елиминира

27.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛ: Партизaн го победи Хетафе, но не успеа да го елиминира

Иако храбро се бореа до самиот крај, фудбалерите на белградски Партизан не успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч со шпански Хетафе и да продолжат во главната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

„Црно-белите“ вечерва на домашен терен славеа со 2:1 против шпанскиот тим, но поради поразот од 1:3 на гости, ја завршуваат својата европска одисеја. Головите за победа на Партизан вечерва ги постигнаа Јех и Којзек и двата во второто полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата