Белградска Црвена Звезда беше елиминирана од Лига на Европа, откако вечерва загуби на гостувањето во Чешка од екипата на Викторија Плзењ со 5:1, по продолженијата. Иако белграѓани на ова гостување дојдоа со предност од 3:0, дозволиј аво една хаотична средба да загубат во регуларниот дел со 4:1, а потоа да примат уште еден гол во дополнителните 30 минути и да доживеат елиминација.
Она што се случи во Плзењ ќе се памети како еден од најмрачните моменти во историјата на Црвена Звезда Белград. За „црвено-белите“ сега останува главната фаза во третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Таму пласман обезбеди и уште еден екс-југословенски тим, сплитски Хајдук. Хрватскиот тим одигра вторпат идентично 2:2 против Раков од Полска, овој пат на гости, но во дополнителните 30 минути успеа да постигне гол и да обезбеди европска есен.

