КЛ: Чурлинов одигра цел меч во поразот на Јагиелонија кај Бетис (ВИДЕО)

10.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛ: Чурлинов одигра цел меч во поразот на Јагиелонија кај Бетис (ВИДЕО)

Полска Јагиелонија на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа од првиот четвртфинален меч со Бетис на гости со негатива од два гола, откако „зелено-белите“ на домашен терен вечерва славеа со 2:0. Чурлинов ги одигра сите 90 минути за полскиот тим, но не успеа да им помогне со гол на своите соиграчи, кои ќе се обидат на реваншот пред своја публика да направат изненадување за место во полуфиналето. Головите за победа на Шпанците ги постигнаа Бакамбу и Родригез во првите 45 минути.

Betis 1-0 Jagiellonia Białystok – Cédric Bakambu 24′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Betis 2-0 Jagiellonia Białystok – Jesús Rodríguez 45+2′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Фиорентина се враќа со предност од гостувањето кај Целје во Словенија откако славеше со 1:2. Гостите од италија до 62. минута имаа предност од 0:2, но домашните со голот од пенал на Шубет успеаја да дојдат до пристоен пораз против фаворитот, иако е јасно дека остануваат скоро без шанси на реваншот во Фиренца.

Голема победа од гостувањето во Шведска носат фудбалерите на Рапид Виена. Австријците славеа со 0:1 против Дјургарден и на домашен терен влегуваат како големи фаворити за полуфиналето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата