Германскиот репрезентативен капитен Џошуа Кимих можеше да заработи повеќе со заминувањето од Баерн Минхен, но реши да остане кај Баварците поради севкупниот развојен концепт. 30-годишниот фудбалер потпиша нов договор до крајот на сезоната 2028/29. Тој би можел да замине без трансфер во јули.
„Можам да кажам дека да“, изјави на прашањето дали ќе му бидат исплатени повеќе пари во друг клуб.
„Се работи за целокупниот концепт“, додаде Кимих. „Парите се фактор, се разбира, но најважно за мене беше прашањето за перспективите на тимот“, објасни зошто нема да замине.
Играчот од средниот ред имаше „конкретни алтернативи“ за трансфер, но Кимих не сакаше да именува имиња. Пари Сен Жермен беше поврзуван со Германецот, објавија француските медиуми.
Германскиот репрезентативец со Баерн освои осум титули на Германија и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите.