Килијан Мбапе: “Дали ви личи Родри на играч за Златна топка?!“

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Килијан Мбапе: “Дали ви личи Родри на играч за Златна топка?!“

Иако минаа 5-6 месеци од прогласувњето на Родри за најдобар играч и доделувањето на Златната топка, таа тема сеуште не е затворена. Барем не кај играчите на Реал Мадрид, а се знае и зошто. Имено познато е дека Родри, играчот за врска на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, успеа да го победи Винисиус, напаѓачот на Реал Мадрид и селекцијата на Бразил.

Околу ова Килијан Мбапе се немаше изјаснето, но еве сега дојде коментар и од негова страна:

Што значи да се биде играч кој ја освоил Златната топка? Дали ви личи Родри на играч за Златната топка?“ се запраша Мбапе.

Јас мислев дека признаението ќе оди кај Винисиус, но ете замина кај Родри. Искрено да ви кажев три месеци претходно дека токму Родри ќе ја добие Златната топка вие секако дека ќе кажвевте дека сум луд“ посочи Килијан Мбапе.

Секако дека по овие негови зборови се очекува и реакција од самиот Родри.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата