Халанд со порака: “Внимавајте, Манчестер Сити следната сезона ќе биде уште посилен!“

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд со порака: “Внимавајте, Манчестер Сити следната сезона ќе биде уште посилен!“
ФОТО: Manchester City/FB

Мега – ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ја предупреди конкуренцијата дека „Граѓаните“ ќе бидат уште посилни следната сезона. Во последните 18 месеци, клубот доведе голем број фудбалери, меѓу кои Џанлуиџи Донарума, Марк Гуеи, Рајан Шерки и Антоан Семењо. Многумина веруваат дека Сити заостанува зад Арсенал во однос на развојот, но сега можат да ја остварат „тројната круна“. „Имаше многу промени во последните две години. На новите играчи им треба време. Не е лесно да се дојде до ново првенство, во нова земја. Потребно е време за адаптација. Мислам дека нè очекуваат возбудливи времиња и со нетрпение очекувам да бидам дел од тоа“, рече Ерлинг Халанд и дополни:

Многу сум среќен во Манчестер Сити и со нетрпение очекувам да ја гледам иднината, бидејќи мислам дека нè очекуваат возбудливи времиња како клуб и за мене како играч. Да ве потсетиме дека Манчестер Сити ја стопи големата бодовна предност на Арсенал и има можност да го подигне трофејот во Премиер лигата.“

Топџиите“ избегаа три бода разлика, но Сити има натпревар помалку и сè е во свои раце до крајот на сезоната. Интересно е што тимовите имаат речиси иста гол-разлика, како и фактот дека во случај на еднакви бодови и гол-разлика, на крајот од сезоната, трофејот ќе го подигне тимот што постигнал повеќе голови!


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата