Ќе си ги добие своите 55 милиони евра: Мбапе на чекор до победа над ПСЖ!

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе си ги добие своите 55 милиони евра: Мбапе на чекор до победа над ПСЖ!

Како што велат последните информации од Франција, Килијан Мбапе е на чекор до победа на суд против ПСЖ, против неговиот поранешен клуб.

Имено познато е дека Мбапе, откако летоска направи трансфер во Реал Мадрид, го тужеше ПСЖ за неисплатени плати и тоа во вредност од 55 милиони евра. Клубот од Париз сета тоа го демантираше, јавно обзнани дека не му е должен ништо на својот поранешен играч и целата “приказна“ заврши на суд.

Се чека пресудата, но медиумите во Франција пренесуваат дека работата е готова и дека Мбапе наскоро ќе биде побогат за 55 милиони евра.

Се разбира дека ПСЖ има право на жалба, но се чини дека се ќе биде бадијала, ќе мора да му се плати долгот на сегашниот фудбалер на Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата