“Коментар на денот“ поврзан со тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, денеска е посветен на синоќешните дуели, помеѓу Канада и Босна односно САД и Парагвај.
Мечеви во кој го видовме првото реми на овој турнир, како и лекција на домаќинот кој што покажа како се отвора турнир кога играш на домашен терен.
Мечевите овојпат ги коментира Горазд Михаилов….
Босна стигна до Мундијалот преку корнери, а Канада тоа не го увиде
„Од конечниот исход на мечот Канада – Босна, секако дека позадоволни се босанците. Кои што условно кажано се и гости затоа што играа, кај ко домаќинот на овој Мундијал. Очигледно дека канаѓаните не ја научиле лекцијата, не знаејќи дека босанците се опасни преку тие стандардни прекини, ситуации. Па така и го примија голот. Очигледно дека не ги гледале последните мечеви на босанците, каде што тие токму на тие бараж мечеви што ги играа, и против Велс и против Италија постигнаа голови од корнер односно од прекин. – вели Михаилов па додава.
„Иако во текот на целиот натпревар, особено по водството на Босна, канаѓаните се обидуваа се обидуваа да контролираат игра да наметнат темпо, во првиот дел тоа не им одеше од рака. Пред се бидејќи босанците се спуштија во еден низок блок, во својата зона. И со тактика 4-4-2 успешно ги сатвораа сите приоди кон сопствениот гол. Додека во второт дел се виде дека Канада фрла се на една карта. Беа уште поофанзивни, имаа свои моменти. Можеби и резултатот ќе беше поинаков ако Демировиќ го искористеше оној зицер. Сепак, мора да се каже дека на токму на тој зицер му претходеше речиси идеална шанса за Канада, кога Колашинац спаси чист гол. Катиќ исто така спаси една одлична ситуација за Канада“ – истакнува Михаилов.
Канада сепак ги погоди измените
„Џокер играчот на селекторот на Канада, успеа да ја оптовари последната линија на босанците за кои пак се виде дека се задоволни со тоа водство од 1:0 што го имаа. Очекуваа со брза транзиција да пробијат, да го освојат тој простор кој што канаѓаните го оставаа зад себе, но не успеаа во тоа.Немаа доволно точни проигрувања. Тоа ја оптовари последната нивна линија, бидејќи да се браниш пермаменто деведесет минути, е многу тешко. Канада ја освежи навалната линија, комплетно нова „тројка“ напаѓачи и „џокерот“ Ларин кој што е добро познат на европскиот фудбал, игра во Саутемптон, а беше и во Бешикташ, Клуб Бриж, Мајорка, Феенорд…. успеа да израмни. Сепак, убеден сум дека Канада не е задоволна со овој резултат затоа што очекуваше стартна победа на овој Мундијал каде што е домаќин“ – поентира искусниот стратег.
САД покажа сила, но ќе видиме истата за што е доволна на турнирот
Што се однесува пак до вториот синоќешен дуел на исто така домаќинот САД против Парагвај, Михаилов вели…
„Силна Америка… го декласираше Парагвај….ништо изненадувачки, затоа што се виде уште од самиот старт на мечот дека американците кои што играа пред преполн стадион, се максимално мотивирани, инспирирани, дека се тргнати по победа и ништо друго. Така и беше. Контрола на мечот од сам старт, креација на голем број на шанси, резултат на тоа се три постигнати гола уште во првиот дел. Ништо чудно за САД, селекција која што е водена од селекторот Покетино, да игра вака. Да се прикажат во ова извонредно светло. Од единаесет стартери, девет играат во Европа. Осум настапуваат во ТОП пет лиги. Овој резултат не е случаен. Во вториот дел спласна темпото, што е и нормално, парагвајците постигнаа утешен гол, но на крајот американците потврдија победа. Овие стартни три бода за САД се исклучително важни, потребни за продолжението на турнирот. И за подигнување на атмосфера, за „билдање“ на уште поголема самодоверба, особено ако се знае дека се и ко домаќини на Мундијалот. Верувам дека продолжат вака ќе имаат што да кажат. Сепак, сметам дека овој триумф и не ја дава комплетно сликата за силата на САД, затоа што реално Парагвај не е дел од елитата на овој турнир. Сепак, Америка покажа квалитет на овој дуел, и најави дека е подготвена да направи нешто големо на овој Мундијал.“ – вели Михаилов.

